Пријавете

Услуги за вонсемејна заштита

Со услуги на вонсемејна заштита се обезбедува основна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана, облека, здравствена заштита, и други услуги во зависност од видот на корисниците, кои немаат услови за живеење во своето семејство или од други причини им е потребна вонсемејна заштита.

Живеење со поддршка

Се обезбедува во посебна станбена единица со помош од стручни или други лица во остварување на основните и инструменталните активности во секојдневниот живот. Помошта и поддршката може да биде повремена, дневна или 24 часовна помош и поддршка, во зависност од потребите на корисникот. Корисници на услугата се: лица со попреченост и деца без родители или родителска грижа над 14 годишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството. Во станбена единица за живеење со поддршка може да се сместат најмногу до пет лица, односно седум деца без родители или родителска грижа.

Правилник што ја регулира услугата:

Потребни Документи:

Барање

Индекс Кац