Пријавете

Постапка за лиценцирање

Постапка за лиценцирање

Согласно ЗСЗ, дејноста во социјалната заштита ја вршат (јавни и приватни) установи за социјална заштита
и други даватели на социјални услуги и тоа: здруженија, домашни и странски правни субјекти и физички лица, под услови утврдени со ЗСЗ.

Независно од ентитетот кој се лиценцира (установа за социјална заштита или друг давател на социјална услуга),
потребно е да се подготви БАРАЊЕ (Анекс 1) за добивање дозвола за вршење работи од социјална заштита.

Доколку станува збор за лиценцирање на здружение, јавна установа или приватна установа како давател на
било која социјална услуга, во прилог на Барањето, потребно е да се достават документите наведени со реден број од 2 до 13 од листата на потребни документи.

Доколку станува збор за лиценцирање на јавна или приватна установа, во прилог на Барањето, потребно е да се достават документите од 2 до 20, како и документот со реден број 21 кога приватна установа која добила дозвола за основање поднесува Барање за лиценцирање / односно Барање за вршење работи од социјална заштита.

Физичко лице, кон барањето за добивање дозвола за вршење на работи од социјална заштита како професионална дејност, поднесува документи со реден број од 3 до 6 и од 21 до 28 од листата на потребни

документи.

Листа на потребни документи кои треба да се достават