Пријавете

Услуги во заедницата

Услуги во заедницата

Услуги во заедницата опфаќаат дневни услуги (услуга за дневен престој, услуга за рехабилитација и реинтеграција,
услуга за ресоцијализација), услуга за привремен престој, услуга за одмена на семејна грижа и куќа на пола пат,
заради превенција, згрижување и заштита, а со цел овозможување на корисникот да продолжи да живее во
сопствениот дом, односно заедницата и превенција на потребата од вонсемејна заштита.

Дневни услуги – опфаќаат услуга за дневен престој, услуга за рехабилитација и реинтеграција и услуга за ресоцијализација

Услуга за дневен престој

обезбедува дневно згрижување, исхрана, одржување лична хигиена, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, воспитни, социјални, културни и рекреативни активности, превентивни активности, советување, едукација, образовна поддршка, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности. Корисници на услугата за дневен престој се деца во ризик (деца на улица, деца од семејства со низок социо-економски статус, деца од семејства со нарушени односи и други деца во ризик), лица со попреченост: деца и возрасни лица со долготрајни телесни, интелектуални,маргинализирани лица: лица со постигната апстенција, во завршна фаза на лекување и/или по завршено лекување од зависност од дрога или други психотропни супстанци или алкохол и со стабилна здравствена состојба, сексуални работници, бездомни лица и други лица со специфични социјални и здравствени проблеми.

Услуга за рехабилитација и реинтеграција

се обезбедува за лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми. Се обезбедува психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење, едукација, културно-забавни и рекреативни активности, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности. Корисници на услугата се деца во ризик (деца пробатори на дрога и алкохол, деца зависници од дрога и алкохол со постигната апстиненција, во завршна фаза на лекување и/или по завршено лекување со стабилна здравствена состојба, деца експериментатори со коцкање и зависници од коцкање), лица со попреченост (деца и возрасни лица со долготрајни телесни, интелектуални, ментални или сетилни нарушувања), зависници од дрога, алкохол и/или коцкање со постигната апстиненција, во завршна фаза на лекување и/или по завршено лекување со стабилна здравствена состојба, сексуални работници, бездомници и други лица со специфични социјални и здравствени проблеми.

Услуга за ресоцијализација

се обезбедува советодавна работа, индивидуална, семејна и групна терапија, образовна поддршка, придружба, едукации за развој на вештини, спорт, рекреација, творештво, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности. Корисници на услугата се деца во ризик да дојдат во допир или судир со законот, деца во судир со законот, возрасни лица по издржување на казна затвор и други лица со специфични социјални проблеми во потреба од ресоцијализација.__ 4. Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење

Правилник што ја регулира услугата:

Правилник за начинот, обемот, нормативите и стандардите задавање на
социјалните услуги на дневен престој, за рехабилитација и реинтеграција и
ресоцијализација и за простор, средства, кадри и потребната документација за
центар за дневен престој, центар за рехабилитација и центар за ресоцијализација
(150/20)

Потребни Документи:

Барање

Индекс Кац

Привремен престој

Се обезбедува сместување, заштита, психо-социјална помош и поддршка, советодавни услуги, услуги во врска со исхрана на деца кои ќе се затекнат без родителска грижа или како скитаат и деца жртви на злоупотреба, жртви на семејно насилство и родово-базирано насилство, жени жртви на сексуално насилство и силување, жртви на трговија со луѓе и бездомници, во отсуство на други ресурси за згрижување со цел надминување на состојбата и нивната социјална интеграција. Услугата за привремен престој се обезбедува во времетраење до 3 месеци со можност за продолжување за уште 3 месеци до максимум една година. Интервентно сместување е во траење од 24 до 72 часа. Услугата за привремен престој може да се дава самостојно или интегрирано со други сродни услуги, доколкусе исполнети нормативите и стандардите за секоја услуга. Се обезбедува сместување, заштита, психо-социјална помош и поддршка, советодавни услуги, услуги во врска со исхрана на деца кои ќе се затекнат без родителска грижа или како скитаат и деца жртви на злоупотреба, жртви на семејно насилство и родово-базирано насилство, жени жртви на сексуално насилство и силување, жртви на трговија со луѓе и бездомници, во отсуство на други ресурси за згрижување со цел надминување на состојбата и нивната социјална интеграција. Услугата за привремен престој се обезбедува во времетраење до 3 месеци со можност за продолжување за уште 3 месеци до максимум една година. Интервентно сместување е во траење од 24 до 72 часа. Услугата за привремен престој може да се дава самостојно или интегрирано со други сродни услуги, доколку се исполнети нормативите и стандардите за секоја услуга.

Правилник што ја регулира услугата:

Потребни Документи:

Барање

Индекс Кац

Одмена на семејна грижа

Се обезбедува одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на лице кое се грижи
за зависен член на семејството (старо лице, лице со попреченост и друго болно и изнемоштено лице). Со социјалната услуга на зависниот член на семејството му се обезбедува краткотрајно згрижување и помош во вршење на основните и инструменталните активности од секојдневниот живот од давател на услугата, во Центар за одмена на семејна грижа или во домот на корисникот/зависниот член.
Корисник на социјалната услуга е лице кое се грижи континуирано во последните шест месеци за зависно лице во семејството, кое има потреба од одмена во грижата, одмор и задоволување на лични и професионални потреби, најмногу 15 дена во текот на една календарска година.

Правилник што ја регулира услугата:

Потребни Документи:

Барање

Индекс Кац

Куќа на пола пат

Куќа на пола пат обезбедува помош, поддршка и подготовка за самостојно живеење на лица кои претходно биле под вонсемејна заштита, немаат свој дом или услови за живот во својот дом, заради нивна реинтеграција во општеството. Услугата се обезбедува во текот на сместувањето или веднаш по престанокот на сместувањето. Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, дете по напуштање на воспитна установа за ресоцијализација, возрасни лица по издржување казна затвор, лица со попреченост, зависници од алкохол и дроги по спроведен третман за лекување и други лица со специфични социјални проблеми кои имаат потреба од подготовка за самостоен живот.

Правилник што ја регулира услугата:

Потребни Документи:

Барање

Индекс Кац